Фотографиите со Меланија Трамп како гушка африкански деца го обиколија светот и ги стопли срцата и на најстрогите критичари кои не и простија на првата дама на САД што на првата самостојна турнеја, во сиромашната Африка носи скапа гардероба. Пред да слета во Акра, Гана, првата станица, носеше скап кафен фустан и леопардови чевли на „Маноло Бланик“ од илјада долари, а за време на престојот избра црвено-бел фустан на „Селин“ од 2 илјади долари.
Меланија, освен Гана, ќе ги посети и Малави, Кенија и Египет. Во овие земји ќе се фокусира на прашањето на здравјето и образованието и ќе ги посети локалните болници и училишта.
Самостојните патувања се традиција кај првите дами на САД. Мишел Обама во 2010 сама го посети Мексико, а следната година и Африка. Лора Буш, исто така, патуваше сама неколкупати, а првата посета ѝ беше во 2002 година на Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст