| четврток, 6 декември 2018 |

Крај на осумгодишната соработка: Спортскиот директор на Јуве се сели во Интер?

На крајот на месецов му истекува договорот на спортскиот директор на Јувентус, Џуезепе Марота. Тој важи за еден од најзаслужните за доминацијата на Јувен последнава деценија во Италија, а клубот веќе објави дека соработката нема да биде продолжена.

Неговото име се поврзување со Наполи, а медиумите пишуваа и за негов ангажман во Манчестер Јунајтед. Сепак, по се изгледа клубот каде ќе продолжи Марота ќе биде Интер, барем така тврди „Тутоспорт“.

Тој веќе имал разговори со Стивен Жанг, кој во Милано ја претставува Санинг групацијата и начелно постигнале договор.

Марота беше на позицијата спортски директор во Јувентус минативе осум години и освои седум титули во Калчото по ред. Договорот му истекува на 25 октомври, а синоќа воопшто не беше на стадионот кога Старата дама со хет- трикот на Дибала го совлада Јанг Бојс во второто коло од Лигата на шампионите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top