Еден од најдобрите фудбалери на денешницата за кого многумина тврдат дека е апсолутен валдетел на фудбалската игра, Златан Ибрахимовиќ денеска го слави 37 роденден!
Златен Ибрахимовиќ е роден на денешен ден во Малме, а израснал во Розенгард во предргадието во работничко семејство.
Како што опишал во својата автобиографија неговото детство било катастрофално. Родителите на Златан дошле во Шведска во 1970 година во потрага по подобар живот, а се развеле кога тој имал 2 години.
Таткото Шефик работел како чувар, додека неговата мајка Јурка работела по 14 часа како чистачка за да може да ги издржува Златан, неговата сестра Санела и неколку полубраќа и полусестри од кои еден станал зависник од дрога.
Јурка била многу строга и имала обичај да го тепа Златан со голема дрвена лажица. Еднаш го удирала толку силно, што лажицата се искршила, а после го натерала Златан да и купи нова.
Сето тоа влиајаело Златан да израсне во малолетен деликвент кој фрлал цигли на автомобили и крадел во локалните продавници.
Кога почнал да тренира во првиот поголем фудбалски клуб, додека бил тинејџер, му го украл велосипедот на својот тренер, после што реагирала социјалнита служба која Златан го испратила кај татко му алкохоличар. Во својата автобиографија „Јас сум Златан“секој момент поминат со татко му детално го опишал.
Но не само тоа, туку и неверојатните изливи на бес кои кобно завршиле по некои негови сограчи. Во една прилика толку силно го удрил во глава својот соиграч, што тој завршил во болница. Таткото на несреќното момче барал Ибрахимовиќ да се испише од клубот, но тогашниот тренер на јуниорите тоа го игнорил, бидејќи не сакал таков талент да пропадне и решил незгодниот темперамент на Ибрахимовиќ да го канализира во фудбалот.
Останатото е историја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.