| четврток, 6 декември 2018 |

Игор Минарков, тренер по кросфит: Работата на себе е најдобрата работа што човек може да си ја дозволи!

Кросфитот е актуелен поради неговата разноликост, интензитет, забавна структура, одлично дружење и прекрасно чуство на леснотија, односно да ги цитирам моите вежбачи: 'Исфрлање на негативната енергија' - вели Минарков

„Во здраво тело, здрав дух“, е максимата со која едно време се растеше и созреваше. Се повеќе сме опкружени со луѓе кои се заинтересирани да го сочуваат своето здравје и да го продолжат животниот век, па се обидуваат на повеќе начини да го постигнат тола. Згодни тела и убави и здрави лица кои живеат здрав начин на живот, возат велосипед наместо автомобил, јадат повеќе овошје и зеленчук на сметка на тесто и месо…

Работата на себе е најдобрата работа што човек може да си ја дозволи. Телото е единственото место во кое живеете. Тоа може да биде вашето „Addidas“ или да изберете да носите нешто што не ви се допаѓа. Бидете живи и здрави, во здраво тело!“ вели Игор Минарков, кој работи како кросфит тренер три години.

Кросфитот станува многу актуелен последние години. Тренерот Грег Гласмен, поранешен гимнастичар, го оформил CrossFit®, Inc. во 2000 година откако поминал години и години во тренирање на елитни спортисти. На кратко, кросфит е  комбинација на олимписко кревање на тегови, гимнаситка, трчање, веслање и основни кардио-васкуларни вежби со кои се подобруваат севкупната флексибилност, сила, брзина, издржливост и агилност.

Игор Минарков работи како кросфит тренер три години

Кросфитот е актуелен поради неговата разноликост, интензитет, забавна структура, одлично дружење и прекрасно чуство на леснотија, односно да ги цитирам моите вежбачи: ‘Исфрлање на негативната енергија’ – вели Минарков.

Часовите на Минарков  ги посетуваат и мажи жени. Но, не е важно само да го тренираш, треба и да го„живеееш“ кросфитот. Тој објаснува што опфаќа неговиот начин на живот.

„Кросфит“ подразбира дисциплиниран начин на живот.  Тоа значи рано будење, неколку тренинзи во тек на денот. Читање на модерна литература за теоретскиот дел да биде надграден, со тоа и воспоставување на нови програми. Практицирањето на кросфит значи рано легнување, контролирана исхрана од аспект на што и кога се внесува во тек на денот – објаснува Минарков, чии тренинзи се одржуваат во скопската гимназијата „Јосип Броз Тито“.

Со кросфит може да се занимава секој кој ќе посака.

Ограничувања постојат и постоеле само во главата на индивидуата. Чуството за старост го правиме ние самите. Постојат луѓе што изгледаат фит на 70-80 години и луѓе што на 20-тина години веќе почнуваат да изгледаат старо – вели Минарков.

Тој води повеќе групи, од почетници, до напредни групи.

Секој човек е уникатно битие. Некој има спор, некој брз метаболизам. Некој е склон на мускулна маса, некој поспоро качува/симнува мускулна маса. Многу е важна исхраната, таа е клучен фактор за тело што убаво изгледа. Воедно, колку самиот човек ќе вложи на самиот тренинг. Што е фит линија? Што е посакувана линија? Од која килажа на која сака индивидуата да намали? Сепак, ова е едно прашање на кое треба да се работи индивидуално со секој субјект – вели кросфит тренерот.

Кросфитот е здрав начин на живот и откако лицето ќе ја постигне целта – да речеме убаво тело или зголемена физичка подготвеност, за да ја задржи истата форма треба да ја задржи исхраната и тренингот.

Загадувањето е проблемот. Македонките/ците, ќе се грижат кога ќе излезат на протест против загадувањето, кога ќе почнеме да возиме велосипеди, да ја заборавиме старата балканска навика на дружење со месо и неконтролирано пиење. Тогаш би рекол дека се грижат, изгледот е сепак споредна работа. Со добар тренинг, изгледот доаѓа посекако – завршува Минарков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top