Амеба која го јаде мозокот, чиј стручен назив е „Naegleria fowleri“, одговорна е за смртта на 29 годишен сурфер од Њу Џерски.
Се почнало минатиот месец, кога Фабрицио Стабиле отишол во посета на воден парк во Тексас. Додека бил во базен, се заразил со смртоносната амеба, за на 16 септември да почине од инфекција.
Американскиот центар за контрола и превенција од болести (CDC), моментално го испитува одморалиштето во кое Стабиле ја внел амебата во организмот, а водениот парк е затворен до крајот на истрагата. Десет дена подоцна, на 26 септември, смртоносната амеба е детектирана и во градскиот водовод кај Шривпорт во Луизијана. Амебата е откриена благодарение на редовното тестирање на системот.
Од „CDC“ наведуваат дека „Naegleria fowleri“ предизвикува примарен амебен менингоцефалитис (PAM), инфекција на мозкот која доведува до уништување на мозочното ткиво и може да биде фатална. Симптомите потсетуваат на оние кај бактерискиот менингитис и вклучувајќи повисоки температура, главоболка и мачнина. Лицето заболено од „PAM“ обично умира за пет дена од појавувањето на првите симптоми, наведува Форчен.
Исто така се наведува дека не е возможно да се зарази со смртоносната амеба после пиењето на заразена вода. Што се однесува до случајот на Фабрицио, се наведува дека амебата може да влезе од заразена вода во телото низ ушите, било тоа преку користење на хлорирана базенска вода или користење на онаа од чешма за пиење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст