Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во гостувањето во емисијата „Отворено“ на ТВ Алфа изјави дека во неделата вечерта се соочила со непријатна ситуација кога ја привеле нејзината сестра, со образложение дека наводно таа и уште 4 други лица фотографирале со мобилен телефон пред избирачкото место. Како што нагласи таа, во текот на денот на референдумот, партискиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар бил набљудуван од луѓе на Министерството за внатрешни работи.
– За разлика од нашите активисти, активистите од СДСМ слободно и непречено се движеа низ градот. Имаше случај каде што четворица во подоцнежните вечерни часови се појави и петто пријавен во полиција, пријавени дека наводно фотографирале со мобилни телефони пред избирачкото место. Луѓето беа приведени од општинската организација од нашиот штаб имено и целиот штаб тој ден беше набљудуван од страна на луѓе на МВР и беа приведени 5-мина од кои една жена, а таа жена е мојата сестра, вели Стојаноска.
Нагласи дека со ваквото насилно однесување со активистите на ВМРО-ДПМНЕ, како и со приведувањето на нејзината сестра пробуваат да ја уценат и директно да и се заканат нејзе за изнесувањето на нејзиниот став дека нема да гласа на референдумот, како и дека нема да гласа за уставните измени во Собранието на Македонија.
– Можеби целта им била да дојдат до мене или можеби она што следува понатаму на некој начин да бидам уценета и заплашена меѓутоа многу лоша тактика избрале, им порача Стојаноска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст