Боро Стојчев, осуден за обид на шверц на цигари, може да се врати на градоначалничката функција на општина Ново Село, бидејки нема законска основа да му биде одземен мандатот, пишуваат дел од домашните медиуми.
Тој од штипска апелација доби намалување на казната затвор од 18 на 6 месеци и истата не се коси со законот за локална самоуправа, кој меѓудругото ги утврдува и причините кога му престанува мандатот. Казната е правосилна и не надминува 6 месеци како што обврзува законот.
– На градоначалникот му престанува мандатот по сила на закон ако е осуден со правосилна пресуда за кривично дело на казна затвор во траење над шест месеци, мегу другото стои во членот 54 од законот за локална самоуправа.
Имајки во предвид дека Стојчев речиси три месеци помина во притвор кои му се засметуваат како затворска казна, тој до Божиќ треба да го напушти затворот во Струмица каде ја издржува казната. Сепак, тој може да побара и одлагање на казната заради итни и неодложни обврски до Суијата за извршување санкции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст