| четврток, 6 декември 2018 |

Пристигнува арктички циклон: Во Словенија веќе има снег, од утре драстична промена во целиот регион

 

Во наредните неколку дена во Европа пристигнува еден од најладните бранови, а метеоролозите велат дека може да се очекуваат и први обилни врнежи од снег оваа сезона. Ладниот бран кој доаѓа од северот веќе ги зафати Алпите.

Снег вчера заврна и во Словенија, но само над 2.000 метри надморска висина.

Заладување ќе се почувствува во Британија, Франција и земјите на Бенелукс, а утре се очекува на југот од Франција и западот на Медитеранот да биде „многу ладно“. Втор ладен бран доаѓа после среда и ќе ја зафати источна Европа и Балканот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top