Ирачкиот Парламент вечерва го избра Бархам Салих за нов претседател на Ирак. Салих, кој е член на Патриотската унија на Курдистан, беше ирачки вице-премиер од јуни 2004 до мај 2005 и од мај 2006 до август 2009 година, како и премиер на автономниот регион Ирачки Курдистан од октомври 2009 до април 2012 година.
Во септември 2017 година Салих ја напушти Патриотската унија на Курдистан поради несогласување со партискиот лидер Џалал Талабани и ја формираше опозициската партија Коалиција за демократија и правда. Меѓутоа, по смртта на Талабани, Салих годинава се врати во редовите на Патриотската унија на Курдистан.
Крајниот рок на Парламентот во Багдад за избор на нов претседател на Ирак истекуваше денеска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст