Младиот фудбалер на Пари Сент Жермен, Адриен Рабио уште еднаш ја одби понудата на „светците“ за нов договор, пренесуваат француските медиуми.
Договорот на Рабио со францускиот шампион истекува на крајот на сезоната и постои шанса тој да си замине без обештетување, а не е исклучена можноста да биде продаден уште во јануари, бидејќи веќе трет пат одбива да го продолжи договорот.
Играчот е во сериозен конфликт со спортски директор Антеро Енрике. Покрај тоа, Рабио има високи финансиски претензии, а „светците“ не се спремни да му понудат толкава плата во моментов.
Според извештаите на француските медиуми, Рабио го одбил предлогот за плата од 7,2 милиони евра по сезона, плус дополнителни бонуси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст