| четврток, 6 декември 2018 |

Полицаецот Тоска, осомничен дека уби и запали битолчанец, привилегиран во притворот во Шутка

Eнвер Тоска, полицаецот осомничен дека минатиот месец го уби и запали 38 годишниот битолчанец Беким Алиоски, во притворското одделение во Шутка ги уживал сите привилегии, јавува Алфа ТВ. Тоска во неделата водеше отворена кампања од притворската ќелија, па на два пати преку неговиот фејсбук профил повика да се гласа на референдум еднаш пред 17 часот, а втор пат пред 19 часот.

Дека Тоска од ќелија пишувал од мобилен телефон, потврдиле и од затворот. Изворот за Алфа посочил дека затворските чувари следниот ден кога извршиле претрес во ќелијата кај притвореникот пронашле мобилен телефон. Анонимниот извор за телевизијата тврди дека Енвер Тоска во затворот уживал привилегии.

Од Управата за извршување санкции посочија дека имало интерна истрага за да се открие кој и како бил внесен мобилниот телефон во Шутка, бидејќи на притворениците им е забрането да имаат мобилни.

Енвер Тоска минатиот месец, на брутален и свиреп начин уби, па запали битолчанец, а судот му одреди 30 дена притвор. Полицијата му поднесе кривична пријава за убиство, но не наведе по кој став од членот 123 ќе го гони, од што зависи дали ќе биде обвинет за казна затвор од најмалку пет години, или пак на Тоска ќе му се заканува доживотен затвор.

Полицаецот Енвер Тоска свирепата ликвидација ја извршил со службен пиштол, тој во Министерството за внатрешни работи бил вработен пред три години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top