| четврток, 6 декември 2018 |

Алисон: Плачев како мало дете кога си заминав од Рома

Бразилскиот голман Алисон Бекер се врати во Италија за прв пат по неговото заминување од Рома. Алисон, кој утревечер со Ливерпул ќе му гостува на Наполи, на тамошните новинари им кажа дека многу тешко го поднел заминувањето од Рома.

– Плачев како мало дете кога го напуштив Рим, тоа беше тежок момент за мене. Рома ми даде многу, а во тој град ја најдов мојата жена, се роди моето дете, стекнав многу пријатели. Одлуката да си заминам беше чисто од спортска природа, рече Алисон.

Бразилскиот чувар на мрежата смета дека со трансферот во Англија напредувал во кариерата.

– Преселбата во Ливерпул е чекор напред во мојата кариера и мило ми е што Рома од мојата продажба заработи многу пари.

Алисон Бекер се пресели во Ливерпул за 63,5 милиони евра летово, што тогаш беше рекорд за голмански трансфер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top