| четврток, 6 декември 2018 |

Србите ќе станат малцинство во Србија

vlada-srbijaСрбите  го добиваат истото предупредување како и Македонците. Тие би можеле да станат малцинство во сопствената држава доколку продолжи трендот на природниот прираст. Професорката од Институтот за европски студии, Гордана Живковиќ, која е претседателка на Центарот за христијански студии, вели дека ова е реално доколку се знае дека Србија веќе со години е прва земја на Балканот по стапката на морталитет, а последна по стапката наталитет. Таму на секој брак доаѓаат по 0,88 деца.

Таа укажува дека лошата економска ситуација не е клучната причина за катастрофалната демографска слика на Србија и нагласи дека токму неразвиените и сиромашните земји имаат и најголем наталитет, пренесуваат белградските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top