| четврток, 6 декември 2018 |

Инцидент вчера на бензиска во Ѓорче: Не сакал да плати зa наточено гориво, обезбедувањето го фатило на лице место

Инцидентот се случил вчера напладне на бензинска станица во Ѓорче Петров кога возач со автомобил Шевролет наточил бензин и одбил да си ја плати сметката од 2 000 денари затоа што во објектот не можел да користи и картичка на која собирал поени.

Тоа било причина за расправија на муштериајта со вработените кои заради ситуацијата повикале обезбедување. Возачот без да го подмири долгот излегол од бензиската станицата и влегол во својот автомобил, а кога сакал да го стартува возилото го пресретнало обезбедувањето.

По расправија и со вработените од обезбедувањето, тој на крајот ја подмирил сметката за горивото кое го наточил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top