| четврток, 6 декември 2018 |

Спасен човек по четири дена поминати под урнатини (Видео)

Бројот на жртвите од земјотресот и цунамито во Индонезија се зголеми на повеќе од 1 200, објави агенцијата за вонредни состојби денеска.

Земјотрес со јачина од 7,5 степени го погоди островот Сулавеси и предизвика цунами во крајбрежниот град Палу. Жителите очајно бараат храна, вода и гориво. Се претпоставува дека под урнатините има уште настрадани.

Но, во морето од тажни приказни, исплива и една среќна. Објавена е фотографија од спасувањето на човекот кој помина четири дена под урнатини.

Како што пишуваат локалните медиуми, 38-годишниот Сапри Нусин бил пронајден во свесна состојба под урнатините на деловната зграда.

Тој разговараше со спасувачите кои го транспортираа во болница. Неговата моментална здравствена состојба е непозната.

Канцеларијата за координација на хуманитарна помош на Обединетите нации вчера процени дека на 191 000 лица им е потребна итна помош од кои 46 000 деца и 14 000 постари лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top