| четврток, 6 декември 2018 |

На работа оди пеш: Рама нема положено за автомобил (Фото)

Малкумина знаат дека албанскиот премиер Еди Рама не поседува возачка дозвола.

Тој вели дека не земал дозвола да управува автомобил, бидејќи многу повеќе му се допаѓа при патување да размислува отколку да вози.

Рама додава дека во неговото семејство пасија за автомобили имал дедо му, кој бил личен возач на кралот Ахмет Зогу.

– Сета страст, сета пасија, за автомобили во нашето семејство, во неколку генерации, ја консумирал дедо ми. Не сакам да возам затоа што повеќе сакам да размислувам додека патувам, изјави Рама.

Рама е познат и по тоа што дестинацијата од неговиот дом до владината зграда ја минува пеш. Како обичен граѓанин тој оди по тротоар меѓу случајните минувачи, не вознемирувајќи никого.

Всушност албанските граѓани навикнати се поранешните премиери да ги гледаат како минуваат со автомобили и придружба или обиколени со телохранители.

За разлика од нив 54-годишниот Рама редовно граѓаните можат да го видат меѓу нив на улица, сам или со сопругата Линда и синот Зеко како пешачи, дури така оди и во супермаркет да пазарува.

Тој неколку пати има изјавено дека многу повеќе сака пеш да ја изоди дестинација од неговиот дом до Владата, бидејќи тоа не е голема оддалеченост и затоа нема потреба да оди со автомобил и да ја загадува околината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top