| четврток, 6 декември 2018 |

„Креативни точки“ по четврти пат во„Менада“

Четвртото издание на литературно-музичката манифестација „Креативни точки“ ќе се одржи в четврток, 4 октомври, со почеток во 20 часот, во „Менада“ во Скопје.

Предвиден е настап на млади, но веќе афирмирани автори, прозаисти и поети. Организатор е Центарот за култура и културолошки студии, со учество на Женскиот хор „Менада“ од Тетово. Манифестацијата нуди можност, преку заедничка креативна работа творците да ги споделат искуствата и да предложат дела со високи уметнички вредности, кои едновремено засегаат во секојдневното живеење на младата генерација.

Искуството од претходните три изданија на манифестацијата говори дека таа придонесува за помасовна рецепција на литературното творештво и нуди интересна, интензивна, динамична и раздвижена културна програма

На манифестацијата ќе биде промовиран и Зборникот „Креативни точки“, со дела од учесниците на претходните три манифестации. Промотори се Ермис Лафазановски и Александар Прокопиев, а издавач е Книгоиздателствоот „МИ-АН“ од Скопје. Во Зборникот се застапени: Јован Павловски, Оливера Ќорвезироска, Петар Андоновски, Митко Апостолов, Mитко Гогов, Катерина Гогова, Ана Голејшка, Живко Грозданоски, Ѓоко Здравески, Јован Илиевски, Томислав Каранфиловски, Ѓорѓи Крстевски, Владимир Лукаш, Калина Малеска, Марта Маркоска, Фросина Пармаковска, Елена Пренџова, Перо Сарџоски, Биљана Стојановска, Давор Стојановски, Небојша Стојаноски, Снежана Стојчевска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top