| четврток, 6 декември 2018 |

Бебе, мајка и татко повредени: МВР со детали за синоќешната сообраќајка (ФОТО)

Три лица се повредени во сообраќајната незгода која се случи вчера во 11.30 часот на булевар „Илинден“ во Скопје. Според информациите од МВР, до незгодата дошло помеѓу патничко возило „сеат толедо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.К.(36) од Скопје, патничко возило „тојота корола“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од И.Г.(45)  од село Калниште и патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, кое било паркирано, сопственост на  Л.Д.(49) од Тетово.

Во незгодата С.К., сопатник во возилото „сеат толедо“ се здобила со тешки телесни повреди и е пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“. Возачот М.К. и неговиот едногодишен син се здобиле со повреди и биле пренесени во Ургентен центар. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Се работи на расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top