| четврток, 6 декември 2018 |

Северна Кореја има помеѓу 20 и 60 атомски бомби

Jужнокорејскиот министер за обединување им рече на членовите на парламентот дека Северна Кореја има помеѓу 20 и 60 бомби во својот нуклеарен арсенал.

Ова е првпат еден висок јужнокорејски официјален претставник јавно да зборува за степенот на тајниот арсенал на нуклеарното оружје на Пјонгјанг, соопшти АП.

Министерот Чо Мјунг Гјон тоа го кажа во понеделникот, како одговор на прашањето на пратениците, истакнувајќи дека оваа информација е добиена од разузнавачките служби.

Министерството на Чо денеска соопшти дека неговата изјава не значи дека Јужна Кореја ќе ја прифати Северна Кореја како нуклеарна држава. Ова, според АП, укажува на тоа дека Сеул ќе продолжи да вложува дипломатски напори со цел Пјонгјанг да ја прекине нуклеарната програма.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top