Управата за заштита на културното наследство и Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје, информираат дека утре на 3 октомври во 2018 година во 12 часот ќе се одржи промоција на зборникот на трудови: „Ѓурѓовден во Република Македонија“ во фоајето на НУБМ „Св.Климент Охридски“– Скопје.
Публикацијата „Ѓурѓовден во Република Македонија“, претставува заокружување на повеќегодишната соработка меѓу Управата за заштита на културното наследство и Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје како овластен субјект за заштита на нематеријалното културно наследство, на валоризација на празнувањата на пролетниот празник Ѓурѓовден кај сите етнички заедници во Република Македонија. Препознавајќи ја кохезивната функција на нематеријалното културно наследство за нашето општество, празнувањата на Ѓурѓовден кај Македонците, Ромите, Турците, Албанците и Власите како поединечни добра се прогласени во 2011 година за културно наследство од особено, поткатегорија исклучително значење.
Следејќи го зголемениот научен интерес за истражување на фолклорот како нематеријално културно добро, ова издание кое е финансирано со средства од Министерството за култура на Република Македонија, има за цел да ја промовира и потенцира важноста на разноликоста во културните екпресии и да укаже на потребата од вклучување на нематеријалната култура во креирањето на државните и меѓународните развојни политики.
Промоцијата на изданието ќе се одржи во рамките на Годишната програма на Управата за заштита на културното наследство за одбележување на Европската година на културното наследство 2018, која се спроведува под слоганот „Нашето наследство – Европска вредност“ и мотото „Кон споделена одговорност за заштита на културното наследство“.
На настанот ќе се обратат д-р Елеонора Петрова-Митевска, директор на Управата за заштита на културното наследство, д-р Весна Петреска научен советник во Институтот за фоклор „Марко Цепенков“ и д-р Зоранчо Малинов директор на Институтот за фоклор „Марко Цепенков“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст