| четврток, 6 декември 2018 |

Професорка имала секс со ученик во авион, додека се враќале од екскурзија

Професорка по природни науки од Бристол наводно се впуштила во сексуален однос со 16-годишен ученик во тоалетот на авионот, со кој се вреаќале од школската екскурзија во Африка. Како што пишува „Гардијан“, во тек е судењето против 29-годишната Еленор Вилсон, која е обвинета за недолично допирање на интимните делови на ученикот додека седеле еден до друг во авионот, по што го наговорила да одат во тоалетот, каде го присилила на сексуални односи.

Подоцна, таа му рекла дека е трудна со негово дете, но одлучила да направи абортус. Инцидентот се случувал во 2015 година на летна екскурзија, во текот на која поминувале многу време заедно.

  • Таа беше 26-годишна жена, а тој само тинејџер. Во текот на екскурзијата тие се дружеле и дене и ноќе, а на патот кон дома конзумирале алкохол. Како возрасна личност, таа е одговорна за сите следни постапки – изјавила обвинителката Вирџинија Корнвал.

Според сведочењето на момчето, нивната врска продолжила и по враќањето во Англика, тие оделе по пабови и ресторани, па дури и на заеднички викенд. Кога новата школска година започнала, гласините за нивната тајна врска почнале да се шират.

Еден друг соученик дури и ја уценувал дека ако не спие и со него, ќе открие се во јавноста, по што професорката дала отказ, а училиштето почнало истрага.

Вилсон пред судот ги отфрли обвиненијата против неа и тврди дека се е дел од неговата фантазија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top