| четврток, 6 декември 2018 |

Анкета: На Меркел најмногу ѝ веруваат, Путин пред Трамп

Луѓето во светот најмногу доверба имаат во германската канцеларка Ангела Меркел, а во рускиот претседател Владимир Путин имаат повеќе доверба отколку во неговиот американски колега Доналд Трамп.

Тоа се резултатите од анкета на Истражувачкиот центар „PEW“, со седиште во Вашингтон.

Во анкетата учествувале 26.000 испитаници од 25 држави.

Триесет проценти од анкетираните веруваат дека Путин добро работи кога станува збор за светските прашања, додека 34 проценти од нив имаат доверба во кинескиот лидер Си Џинпинг.

За Трамп дека добро работи сметаат 27 проценти од анкетираните.

Во Меркел, според анкетата, доверба имаат 52 проценти од анектираните. По неа следува францускиот претседател Емануел Макрон со 46 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top