| четврток, 6 декември 2018 |

Над 1.200 мртви во катастрофата во Индонезија (Видео)

Најновиот биланс на жртви по разорниот земјотрес и цунамито кое уследи во Индонезија се искачи на 1.234. Властите ископуваат масовни гробници, а на социјалните мрежи се појавуваат нови снимки од ужасот.

Најновиот биланс беше објавен денеска од страна на портпаролот на Националната агенција за помош при катастрофи, Сутопо Пурво Нугрохо, објави АП. Нугрохо рече дека 799 луѓе се сериозно повредени. Според него, во најновиот биланс не се вклучени извештаите од уште две погодени локации, така што се очекува бројот на жртвите да биде поголем.

Централниот дел на островот Сулавеси беше опустошен од земјотрес во петокот навечер кој беше проследен со цунами. Во крајбрежниот град Палу, брановите носеле луѓе, делови од згради, автомобили и дрвја.

Во утринските часови два земјотреси на мала длабочина се регистрирани во близина на источниот индонезиски остров Сумба, но не беше објавена опасност од цунами.

Новите земјотреси се забележани на 1.600 километри јужно од областите погодени во петокот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top