| четврток, 6 декември 2018 |

Да сме на чисто: Република Македонија доби повеќе гласови од победниците на сите парламентарни избори

Откако со графикон власта се обиде да покаже дека вчера на референдумот Европска Македонија добила повеќе гласови од победниците на сите парламентарни избори во историјата на земјата, Димитар Димовски од ВМРО-ДПМНЕ со факти ја измени сликата.
„За да бидеме на чисто и да не дозволиме некој да се обидува да манипулира!
На сликата е прикажан графикон, кој ги говори следните факти:
– Со жолта вертикала е прикажана излезеноста и поддршката на народот на Република Македонија, во 1991 година. Успешен референдум!
– Со црвена боја се прикажани вертикали на изборни резултати од парламентарни избори, по вкупен број на гласови на партиите кои формирале Влада (што е манипулација, прикажана со цел да се добие лажна претстава за бројките)
– Со сива вертикала е прикажана излезеноста на гласачи на референдумот против законот за територијална поделба во 2004 година. На овој референдум не се исполни еден од двата услова, немаше над 50% излезеност и СДСМ го прогласија за неуспешен (така е и по закон).
– Со сина вертикала е прикажана излезеноста на референдумот од 30.09.2018 година, за кој кампања водеа: СДСМ, ДУИ, ДПА, Алијанса на албанците, БЕСА, ВМРО-Народна, ДОМ, Обединети за Македонија, НСДП, Сојузот на ромите, Либерална Партија, Достоинство и разно разни јавни ликови, познати кај нас во одредени јавни области (секој од нив си знае од која причина снимал реклама). Според бројот на гласови, исто како и во 2004 година, и овој референдум не го доби потребниот цензус од над 50% излезеност и е неуспешен согласно Закон и Устав.
Вака, по јасно е?
Македонија имала еден и единствен успешен референдум. На тој референдум, во далечната 1991 година, народот одлучи дека ние сме Република Македонија, суверена и независна држава. Се друго е само обид за фалсификат и лажирање на вистината.“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top