| четврток, 6 декември 2018 |

Игор Карачиќ е сингл: Сакам насмеани девојки со смисла за хумор!

Босанскиот ракометар Игор Карачиќ, кој веќе неколку години е дел од црвено-црното семејство, каде што е еден од клучните играчи, и оваа сезона ќе ги брани боите на Вардар. Во интервју за „Убавина и здравје“, тој вели дека моментално неговиот емотивен статус е сингл.

  • Во принцип, се трудам приватниот живот да го чувам само за себе и ретко зборувам на тема љубов. Но, еве, ексклузивно ќе ви откријам дека сум сам веќе неколку месеци, а сакам насмеани и харизматични девојки, кои имаат смисла за хумор – вели ракометарот.

Карачиќ додава и дека искрено се надева оти и овојпат заедно со неговиот тим ќе успее да се избори за добар пласман воЛигата на шампиони, каде што пред две години тимот оствари историски успех откако завршија на првото место.

Целото интервју прочитајте го на Убавина и здравје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top