Ако дојде до предвремени парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ е подготвена. Но, ние мора претходно да завршиме определени активности пред да дојдеме со самиот процес на тие вонредни или брзи избори, рече Мицкоски во своето гостување на „Алфа“.
Мицкоски најави промени и во ВМРО-ДПМНЕ.
-ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која што е во полн ек. Завршено е внатрешното консолидирање на самата партија. Имаме нови претседатели на општинските организации, Извршен Комитет, структура на партијата. Во периодот кој што следи ќе имаме и одредени кадровски поместувања, ќе имаме нови кадровски освежувања во партијата. Во периодот кој што следува ќе имаме формирање на два нови совети на ИК, но и Советот на претседателот на партијата. Таму ќе бидат инкорпорирани луѓе кои што се универзитетски професори, професионалци, специјалисти во одредени области. Така што, во периодот кој следува, во ВМРО-ДПМНЕ ќе се случи определено кадровско доекипирање. ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја јакне својата структура и да биде појако од сето она кое се случуваше изминатиов период, порача Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст