Да се отстранат административните бариери и да се направи заеднички пазар. Државите треба да се занимаваат со проекти кои ќе обезбедат логистика за бизнисот. Македонија даде јасен сигнал дека сака да стане дел од европското семејство, расте бројот на странските директни инвестиции, ги изедначивме критериумите за домашните и странските инвеститори.
Ова го истакна вицепремиерот задолжен за економски прашања и координација со економски ресори Кочо Анѓушев на панелот „Регионална соработка, предизвици и персепктиви“ во рамки на дводневниот Самит на 100 бизнис лидери од Југоисточна Европа, во Белград на кој учествуваат над 200 најистакнати деловни лидери од Србија, Македонија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија и претставници на државите од регионот.
Според него две работи се важни. Првата дека Македонија е на добар пат со законот за финансиска поддршка на индустријата и на инвестициите, со кој нудиме една брза индустријализација на Македонија.
– Со ова ќе овозможиме најстабилен развој на долг рок. Мислам дека сме тука на добар пат, за што слушннавме доста комплименти и мислам дека имаме добри закони, изјави Анѓушев.
Вториот предуслов, додаде, за секој инвеститор е стабилна држава и вледеење на правото, а тоа е токму тоа што во моментот, вели, го правиме, интензивно се приближуваме до евроатласките организации.
– Таквите интеграции нудат поголема сигурност за инвестриторите. Она што се случува во државата е признаено како позитивно, бројот на инвеститори се зголемува, само во последната гоидина имаме 16 нови такви договори и тие ќе се множат во следните години. Тоа во регионот е препознаено како позитивен пример и мислам дека треба да опстоиме на патот на евроатласките интеграции на нашата држава. Последните случувања во нашата држава, само кажуваат дека сме на добар пат и дека се подржувачки во овој процес, рече Анѓушев.
Покрај вицепремиерот Анѓушев на панелот говореше и српскиот министер за енергетика Александар Антиќ, кој кажа дека е важна соработката во регионот.
– Клучот е изградбата на инфраструктурата, а приоритет треба да ни биде спојување на пазарите. Ние со Македонија направивме електро-енергетска конекција и планираме гасна интерконекција, а работиме и на Трансбалканскиот коридор и со БиХ и Црна Гора, кажа Антиќ.
Еден од организаторите на дводневниот Самит, кој продолжува утре, генералниот менаџер на Алкалоид Живко Мукаетов изјави дека главна тема на седмиот Самит на 100 бизнис лидери во Белград е дигиталната трансформација и изнаоѓање на начини за искористување на четвртата Индустриска револуција, „како да ги пронајдеме синергиите меѓу нас, меѓу бизнис заедницата и меѓу политиката и како дигитализацијата во разни форми може да придонесе за подигање на квалитетот на животот во регионот и од аспект на поголема конкуретност на бизнисот во регионот.“
Иницијатори за одржување на Самитот на 100 бизнис лидери се Српската асоцијација на менаџери (САМ), Здружението на менаџери на Словенија (ЗМ), Хрватското здружение на работодавачи (ХУП), Алкалоид од Македонија, Атлас фондацијата од Црна Гора, ББИ Банка и АСА холдинг од БиХ.
Првиот состанок се одржа во октомври 2011 година во Аранѓеловац, а претходниот шести Самит 100 се одржа во Скопје во октомври 2017 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст