| четврток, 6 декември 2018 |

На предвемени или редовни избори, народот ќе ги прати во трајна политичка пензија

Народот на референдумот ѝпокажа црвен картон на власта, затоа што никој не може на сила да оди против волјата на граѓаните и токму затоа  на следните парламентарни избори Заев и СДСМ повторно ќе добијат црвен картон.  Ова во вечерашното интервју за отвореното студио во „Алфа“ го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Народот им покажа црвен картон и народот и народот  на следните избори без разлика дали ќе бидат предвремени или редовни парламентарни избори ќе им покаже повторно црвен картон и ќе ги прати во една трајна политичка пензија, онаму заборавен длабоко во времето на транзицијата на Република Македонија, потенцираше Мицкоски

На прашањето дали може на сила да се истуркаат уставни измени, Мицкоски истакна дека видовме дека еден процес ваков каков што е и на сила дури и не може да се истурка, бидејќи против волјата на граѓаните, против народот никој не успеал, така да нема ниту Зоран Заев и таа мала пајташи околу него да им успее.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top