Зоран Заев мора да ја прифати вистината, порача вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во „Отворено студио“ на Алфа Телевизија, додавајќи дека премиерот со неговата весела математика во континуитет се обидува да го заведува народот со погрешни податоци и бројки кои ни самиот не ги разбира.
Мицкоски посочи дека Заев во неговото интервју за „Би-Би-Си“ велеше дека 75% од граѓаните ќе бидат во насока на поддршка на референдумското изјаснување, а сега гледаме дека таа бројка не само што не се исполни, туку е два пати помала од тоа што тој го прогнозираше.
– Истиот овој човек кој што го видовме како се колне во дедовци, татковци во сопствените деца дека нема да го промени ставот, па видовме дека ќе го промени ставот, па така и оваа весела математика која што вчера господинот Зоран Заев ни ја демонстрираше, ме наведува на фактот да кажам дека продолжува во континуитет да се обидува да го заведува народот и на ниски страсти и со погрешни податоци и бројки кои што претпоставувам не може ни самиот да ги разбере, да народот се обиде да му поверува, истакна Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст