| четврток, 6 декември 2018 |

Апстинирав поради манипулативното референдумско прашање

Во во врска со неговото апстинирање од референдумското изјаснување, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на „Алфа“, кажа дека таа одлука е донесена поради тоа што прашањето што беше поставено е манипулативно и не ја одразува вистинската реалност

– Вчера апстинирав. Не излегов да гласам од проста причина што многу пати во минатото кажав дека прашањето кое што беше дел од референдумското изјаснување е погрешно, манипулативно повеќе значно и дека не ја одразува вистинската реалност за која што граѓаните на Република Македонија треба да се изјаснат, вели Мицкоски

Тој додаде дека иако голем дел од граѓаните акламативно се за да Македонија биде дел од ЕУ и НАТО, но и исто така се против овој капитулански договор што го потпиша владата на СДСМ и Зоран Заев.

Во врска со целокупниот процес кој ВМРО-ДПМНЕ го спроведуваше цело лето, се донело став граѓаните да одлучат да гласаат по своја проценка и онака како што мислат најдобро.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top