Законот е јасен, бројките се јасни, што значи успешен референдум, што значат бројките кои Зоран Заев ги презентираше, изјави вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на телевизија „Алфа“, објавувајќи дека на вчерашниот референдум имаш полнење на кутиите.
-Многу пати сме го виделе Заев да каже, па да се демнатира. Законот е јасен, бројките се јасни што значи успешен референдум. Она што е потрагично е дека и тие бројки што ги презентираше не се такви. Законот е јасен и стои дека за успешен рефереудм треба 50 отсто плус еден. Далеку сме од таа бројка, и покрај сите девијантни појави вчера и како револвераши се појавија на избирачките места низ Македонија. Повеќе од 50 илјади гласа се брутално наполнети во кутиите, рече Мицкоски.
Има многу примери за фалсификатот кој се случи вчера, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој гостува во Отвроено студио.
Во интервјуто посочи само неколку, од како што кажа, многуте примери.
-Во Грушино, Арачиново просечно на претходните избори излегувале 40% од вкупниот број регистрирани гласачо. А вчера изчегче повеќе од 88%. Она што е симптоматично е што тие наеднаш добиле желба да излезат и да гласаат и тоа во периодот помеѓу 17 и 19 ќасот. Па од 38% излезност во 17 часот до 19 часот имало над 80%, што значи дека на секои 15 секунди гласачите го оствариле своето право на глас, вели Мицкоски
Според Мицскоски сличен е примерот и со Зајас.
-Таму во просек на претходните избори, излезноста била 40% а на референдумот била 80%. И тоа исто симптоматично желба за гласање добивале од 17 до 19 часот, ии гласал по еден гласач на секои 20 секунди. Ист е случајот и со Шишево каде од 17 до 19 часот се гласало на секои 15 секунди, вели Мицкоски.
Според нивната нанализа, Мицкоски појасни дека се покажало оти повеќе од 50 000 гласови биле насилно и девијантно полнети во избирачките кутии.
Тој потенцира дека се е документирано и дека ќе ја запознат меѓународната заедница што се случуваше вчера во Македонија.
Од ова Јавно обвинителство, вели, не очекува ништо.
-Ќе предложам на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, да предложи формирање на анкетна комисија во Собранието, која ќе се позанимава со целокупниот процес на референдумско изјаснување, ќе го разгледа од моментот на организирање на кампања, колку средства, за што се трошени, колку чинела секунда во поедини медиуми, , па се до бруталното полнење на кутиите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст