Вчера се случи пораз на политиките на Зоран Заев, вчера се случи пораз на владата на СДСМ предводена од Зоран Заев, изјави денеска во интервју за отвореното студио во „Алфа“ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
- Вчера народот му кажа едно големо НЕ, не само на референдумот, туку и на сите политики кои Владата предводена од Зоран Заев ги правеше изминатата година и половина откако беше избран. Тука се сите порази на економски план, тука се сите криминалии којшто беа наше секојдневие изминатиот период, тука се сите оние скандали коишто го отежнуваа нашето секојдневие, сите оние судбини кои трајно ја напуштија оваа држава во овој меѓупериод, сето тоа кулминираше вчера – вели Мицкоски.
Според него, тоа претставува еден вид реакција на целата акција која владата на СДСМ и Зоран Заев ја правеа во изминатата година и половина.
Коментирајќи го прогласувањето победа на Заев, спротивно на резултатите на ДИК, Мицкоски вели дека многу пати сме го виделе Зоран Заев да каже па да покаже, односно да се демантира самиот себе.
- Законот е јасен, бројките се јасни, што значи успешен референдум, што значат бројките кои тој ги презентираше – вели Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст