Претседателот на ДИК Оливер Дерковски на денешната прес-конференција рече дека согласно утврдените резултати, одлуката не е усвоена зашто не гласале повеќе од половината граѓани запишани во Избирачкиот список.
Уставот на РМ вели дека Собранието одлучува за распишување на референдум за одделни прашања од својата надлежност со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Одлуката на референдумот е усвоена, ако за неа гласало мнозинството од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од половината од вкупниот број избирачи. Собранието е должно да распише референдум кога предлог ќе поднесат најмалку 150.000 избирачи. Одлуката донесена на референдумот е задолжителна.
Професорот по уставно право, Светомир Шкариќ, во една прилика, зборувајќи за референдумот напиша: референдумот биде успешен, тогаш опструкцијата може да се надмине, бидејќи референдумската одлука ќе биде задолжителна за сите (erga omnes). А тоа ќе се случи ако се обезбеди цензусот од 50 отсто плус еден гласач и ако мнозинството граѓани гласале „за“. И обратно, ако одлуката биде негативна, односно ако мнозинството граѓани гласале „против“, Договорот ќе пропадне. Договорот ќе пропадне и ако не се обезбеди потребниот цензус на излезност на граѓаните што го бара Уставот: „Одлуката на референдумот е усвоена ако за неа гласало мнозинството од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од половината од вкупниот број избирачи“ (чл. 73).
Тој додава:
Одлуката донесена на референдум е од императивен карактер за органите на власта. Тоа е разбирливо ако се има предвид хиерархијата на субјектите на уставниот поредок. На прво место е граѓанинот како извор на власта. На второ место е уставот како основен правен акт и регулатор на односите меѓу граѓаните и власта. Дури на трето место се државните органи. Тоа е видливо од Уставот на Јапонија од 1946 година и од Основниот закон на Германија од 1949 година.
Тоа што ќе го кажат граѓаните е највисоката власт. Граѓаните се извор на власта, но и нејзин најзначаен субјект. Тие се извор и утока на се`. Се извира од нив и се` се влева во нив. Тоа го забележал Токвил за време на неговиот престој во САД, зебележувајќи дека „народот владее со американскиот политички свет како Господ со вселената“.
Референдумското одлучување има задолжителна правна сила.
Професорката Билјана Ванковска, во една прилика истакна дека без разлика дали се работи за консултативниот референдум или обврзувачкиот референдум одлуката е задолжителна, а референдумот е успешен само ако излезат 50%+1 гласач.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


