| четврток, 6 декември 2018 |

Од утре во прекин железничкиот сообраќај на правецот Велес – Гевгелија

Железничкиот сообраќај Велес – Гевгелија од утре ќе биде во прекин поради појавени деформации на бетонски мост што се наоѓа помеѓу станица Градско и крстосница Кукуричани.

Како што соопштуваат од МЖ Транспорт, прекинот ќе трае до завршување на санацијата на дефектот.

Во меѓувреме, возовите кои сообраќаа на релација Скопје-Гевгелија и Гевгелија-Скопје, ќе сообраќаат само до Велес и обратно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top