| четврток, 6 декември 2018 |

Почина француската пејачка ѕвезда Шарл Азнавур на 94 години

Францускиот пејач и текстописец Шарл Азнавур почина на 94 годишна возраст. Неговата кариера траеше скоро 80 години.

Францускиот и ерменски изведувач продаде повеќе од 180 милионии плочи и се појави во повеќе од 60 филма. Негов најголем хит беше песната „Таа“ и беше награден со ѕвезда на Холивуд во 2017 година.

Зад себе имаше три брака и шест деца. „Си-ен-ен“ го прогласи во 1998 година за изведувач на векот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top