Тотална „утка“ на рејтинг агенциите во земјава кои во предреферендумските анкети излегуваа со ресзултати од над 60 отсто излеснот на референдумот кој се оддржа вчера. Анкетата на М-Проспект од 7 август годинава нарачана од страна на МЦМС покажала дека дури 66 отсто од анкетираните граѓани ќе излезат на изјаснувањето. Една седмица подоцна Меѓународниот институт ИФИМЕС од Љубљана прогнозираше излезност на референдумот од 63 отсто.
Во тој период и анкетата на Институт за политички студии покажала дека 43,2 отсто ќе гласаат „за“ а 22 отсто „против“ и дека 22 отсто ќе „бојкотираат“.
Кон крајот на август Институт за демократија и МЦМС објавија очекувана излезност од 57,8 проценти. Но овие бројки се далеку од реалноста. Според податоците од ДИК излезноста е неверојатно ниска.
Последната анкета на Рејтинг пак, покажа дека граѓаните го поддржуваат договорот со Грција. Според резултатите кои тие ги објавија речиси половината од прашаните граѓани, дури 48.6 проценти одговориле дека не можело да се постигне подобар договор во иднина, додека пак 33.2 отсто веруваат дека во иднина може да се постигне подобро решение.- 37 отсто.
Речиси 41 насто од граѓаните на референдумот ќе гласаат „за“ покажа анкета што за Телма и МЦМС во соработка со Инситутот за демократија – Социетас цивилис, која ја спроведен М проспект, објавена на 5 септември.
На прашањето, како ќе одговорите на референдумското прашање, 40,9 % од анкетираните рекле дека ќе одговорат „за“, 8,6 % одговориле „против“, неопределени се 6,3 %, додека два проценти од анкетираните одбиле да одговорат.
Дали е време агенциите да се запрашаат за нивните методи за испитување и проценка на расположението на граѓаните. Резултатите се спротивни на реалната слика. Вчера 37 проценти излегоа. Проценката на анкетите беше дека толку нема да излезат. Или можеби и тие беа дел пропагандата на Власат за убедување на народот да излезе и да се изјасни За промена на уставното име.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст