| четврток, 6 декември 2018 |

Недела на детски филмови во седум града низ Македонија

Од утре (2 октомври) до средината на овој месец во седум града низ Македонија ќе бидат прикажани четири филмови за деца во рамките на проектот „Недела на детски филмови“ организиран од Асоцијацијата на филмски дистрибутери АФИДИ Битола. Филмовите се наменети за деца од 4 до 14 години. Дел се синхронизирани на македонски и на албански јазик, а дел се со превод на македонски јазик. Во соработка со дистрибутерските куќи „Узенгија“ и „Катавеј“ избравме четири филмови од поновата европска продукција:

– „Неверојатната приказна за џиновската круша“ (Данска) во режија на Филип Ајнстин Липски, Јурген Лердам и Амелие Несби Фик (2017, синхронизиран на македонски и албански јазик)
– „Планинско чудо: Неочекувано пријателство“(Германија) во режија на Тобајас Виман (2017, со превод на македонски јазик)
– „Фантастичното патување на Роби и Тоби“ (Германија) во режија на Волфганг Грос (2016, со превод на македонски јазик)
– „Помош, ја смалив наставничката!“(Германија, Австрија) во режија на Свен Унтервалт (2015, со превод на македонски јазик)

Филмовите ќе се прикажуваат во Гостивар, Куманово, Свети Николе, Гевгелија, Радовиш, Кавадарци и Демир Хисар.
Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија во рамките на манифестацијата „Нов културен бран“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top