Неговото богатство се проценува на околу 350 милиони фунти, но тоа нема да му помогне да се заштити од новите обвинувања од жената која наводно ја силувал.
33-годишната фудбалска ѕвезда се соочува со обвинение за силување од страна на Кетрин Мојорга, кое се случило во 2009-та година, во хотелот Palms Palace во Лас Вегас.
Како што Кетрин тврди, кога Роналдо бил на одмор во Лас Вегас, таа работела во ноќниот клуб во склоп на Palms Casino ресортот и со ѕвездата се сретнала во ВИП делот.
Од нивната средба дури има и папарацо фотки.
„Почна насилно да ме допира. Го турнав од мене и постојано повторував да престане,“ на што додава дека цело време плачела за време на насилниот сексуален однос.
„Откако кошмарот заврши, едноставно не ме пушташе. Ме погледна со чувство на вина, речиси како да му беше жал. Не сум 100% сигурна, но мислам дека ми рече извини или нешто во стилот на дали си повредена? Потоа следуваше делот каде што клекна на коленици пред мене.“
Таа тврди дека Роналдо клекнал на коленици пред неа и рекол: „99% од времето сум добар човек, едноставно не знам што се случува со останатиот 1%.“
Обвинувањата се објавени од германскиот магазин Der Spiegel.
Тврди и дека адвокатите на фудбалската ѕвезда успеале да ја замолчат во 2010-та година со договор од 288.000 фунти, но сега се кае затоа што го прифатила.
Вели дека своевремено ги потпишала документите поради страв од било каква поврзаност со Роналдо, како и дека се плашела дека ќе биде јавно понижена.
За Der Spiegel, Кетрин тврди дека сега се одлучила да ја раскаже својата приказна, како дел од #MeToo движењето против мажи кои ја злоупотребуваат својата моќ и положба како ѕвезди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст