| четврток, 6 декември 2018 |

Ванхауте: Не губете време и пари на нови избори, рашавајте ги проблемите

Поранешниот посредник на ЕУ во преговорите за Договорот од Пржино, Питер Ванхауте, синоќа на својот фејсбук-профил им честиташе на мнозинството граѓани што го поддржаа Договорот од Преспа на референдумот.

Тој ја повика Владата да не поднесува оставка, туку да продолжи со работата и со решавањето на проблемите во земјава, затоа што, како што пишува во статусот на Фејсбук, тоа е нејзина „проклета должност“.

– Не трошете време и пари на предвремени избори, туку ангажирајте се во решавање на многуте проблеми во вашата земја. Работете да ги подобрите економијата, владеењето на правото, здравствениот систем, образованието и, не заборавајте, една изгубена битка не значи дека се е загубено.

Да, прифатливо решение со Грција е можно, врз основа на компромисот постигнат со Грција, и тоа се уште е на дофат, иако можеби ќе треба да се преиспита процесот и како да се финализира без одложување. Напред!, напиша Ванхауте на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top