| четврток, 6 декември 2018 |

Столтенберг: Вратата е се уште отворена, да се завршат националните процедури

Генералниот секретар на НАТО повтори дека вратите на Алијансата остануваат отворени за Македонија, но дека сите национални процедури мораат претходно да се завршат.

„Го поздравувам гласот “за“ на референдумот во Македонија, ги повикувам сите лидери и партии да се ангажираат конструктивно и одговорно за да ја искористат оваа историска прилика. Вратите на НАТО остануваат отворени, но сите национални процедури мораат претходно да се завршат“, напиша Столтенберг на твитер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top