| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: Граѓаните јасно порачаа дека Македонија треба да го прифати Договорот со Грција

На референдумот гласаа повеќе од 650 илјади граѓани и повеќето од 90 отсто гласа „за“. Со тоа порачаа дека Македонија треба да го прифати Договорот со Грција и да стане членка на НАТО и ЕУ, порача вечерва премиерот Зоран Заев.

– Европска Македонија доби повеќе гласови „за“ од кој било победник на изборите во независна Македонија. Народот направи многу важен избор, рече Заев.

Одлуката што ја донесоа денеска, не беше лесна, но мораша да биде донесена, рече Заев и им се заблагодари на граѓаните кои излегоа да гласаат за и против.

Упати благодарност и до членовите на ВМРО-ДПМНЕ кои презедоа одговорност за својата татковина и гласаа по сопствена волја. Апелираше до опозицијата и до сите политички партии да се обединат околку државниот интерес и да ги тргнат настрана теснопартиските интереси. Повтори дека друга алтернатива е распишување предвремни избори веднаш.

–  Знам јас, знае опозиција, а знаат и сите граѓани, подобар договор со Грција нема и неможе да има. Членството во НАТО и ЕУ нема алтернатива и не може да има. Да не си играме со нашата иднина и со нашата Македонија, рече премиерот Зоран Заев.

Одговорајќи на новинарско прашање, Заев, меѓу другото кажа дека со ваков резултат не помислува да поднесе оставка, туку напротив е уште поубеден во тоа што го прави – да ја однесе Македонија во ЕУ и НАТО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top