| четврток, 6 декември 2018 |

Дерковски: Еден од двата услови за успешен референдум не е исполнет

Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски рече дека Комисијата не навлегува во политички коментари, туку само го цитира законот.

„Член 30, став 1 во Законот за референдум вели дека одлуките на референдум се сметаат за усвоени ако за нив гласале мнозинството од вкупниот број граѓани кои гласале доколку гласале повеќе од половината од вкупниот број гласачи запишани во Избирачкиот список освен во случаите кога за одделни прашања со Уставот и со овој Закон поинаку не е утврдено. Што значи согласно овој член потребно е исполнување на двата кумулативни услови за да се донесе одлука на референдумот. Во овој случај после 85 – 6 пребројани гласови од трендот кој што го имаме на процентот на излезеност јасно е дека еден од условите нема да биде исполнет, односно на референдумот не е донесена одлука – рече Дерковски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top