| четврток, 6 декември 2018 |

„Ние Сме Македонија“: Премиерот Заев да остане доследен на своето ветување пред македонскиот народ и да ја напушти Владата

Глобалното непартиско движење, Ние Сме Македонија, повика на итна оставка на премиерот на Република Македонија, Зоран Заев и на неговата влада и коалиционите партнери.

Тие потсетија на изјавата која премиерот ја даде на крајот на август оваа година.

-Како премиер имам мандат до декември 2020-та година. Ако падне референдумот и не успее, веројатно завршуваме ние со политиките овде, рече Заев на 31 август 2018 година

Тие го повикаа премиерот да остане доследен на своето ветување пред македонскиот народ и да ја напушти Владата.

-Граѓаните на Република Македонија денес ја вратија државата во свои раце, порачуваат од таму.

Тие на крајот порачуваат: „Да живее Република Македонија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top