| четврток, 6 декември 2018 |

Обработени пола од избирачките места

Според податоците што ги објави Државната изборна комисија (ДИК) на својата веб страница од обработени 49.33% проценти од избирачките места, „за“ на референдумското прашање се изјасниле 90,81 проценти, а „против“ се 6,18 проценти.

Граѓаните на Македонија на денешниот референдум се изјаснуваа за прашањето „Дали сте за члество во ЕУ и НАТО со прифање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција“.

Одѕивот на референдумот според досега пристигнатите податоци изнесува 34,73% проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top