| четврток, 6 декември 2018 |

И Талат Џафери не гласаше

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, им честиташе на граѓаните и на институциите за мирниот одржаниот референдум и рече дека овој ден е празничен.

-Граѓаните докажаа дека припаѓаат на нивото на политичка култура од демократски развиените земји најважно е дека припаѓаме на големото европско семејство. Им честитам на сите домашни институции за мирниот процес кој се одвиваше без сериозна неправилност. Граѓаните денеска ги поставија темелите за идна Македонија. Гласот одлучува за иднината на оваа земја. Честитам за овој значаен ден кога се одлучува иднината на сите граѓани, но и на идните генерации – рече Џафери.

Тој потврди дека не гласал на референдумот затоа што не фигурирал на избирачкиот список.

-Точно е дека не можев да го искористам демократското право. Моето име не беше на избирачкиот список во избирачко место каде гласав во сите изборни циклуси претходно. Се надевам се работи за изолиран случај и дека немало слични случаи. Гласот е еднаков, како мојот така и на сите граѓани – рече Џафери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top