Жени имате салце на стомакот?! Не грижете се, тоа е здраво. Последните испитувања велат дека жените со изразено стомаче имаат посилни коски во однос на оние жени чие тело е совршено припиено. Австралиски истражувачи од Институтот за медицински истражувања „Гарван“ во Сиднеј по петгодишно истражување дошле до заклучок дека поголемото стомаче ги штити коските на жените, но не и на мажите.

Испитувања се правеле на 1.000 полнички мажи и жени на возраст над 50 години. На крај се испоставило дека жените рамномерно здебелени и со повеќе килограми имаат помалку шанси да скршат коска отколку мажите. Причина за силните коски се крие во тоа што тие стануваат посилни поради тоа што подолго време носат тежина на себе. Друго истражување пак вели дека жените кои имаат сало околу половината имаат поголемо ниво на хормонот естроген кој влијае на квалитетот на коските.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


