| четврток, 6 декември 2018 |

Затворени гласачките кутии на денешениот референдум – Следете ги резултатите во живо (интерактивна мапа)

Во 19 часот се затворени гласачките места, а со тоа завршува и гласањето на денешениот референдум. Граѓаните имаа можност да се произнесат на прашањето – Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?

Ова беше трет референдум по оние во 1991 и 2004 година, а според последните податоци од Државната изборна комисија, до 17 часот 29 проценти од регистрираните гласачи излегле на денешниот референдум.

Право на глас имаа 1.806. 336 гласачи запишани во Избирачкиот список, а се гласаше на 3.748 избирачки места кои ќе беа отворени од 7 до 19 часот. Државната изборна комисија и за референдумот постави интерактивна мапа на својата веб-страница на која ќе може да се следи текот на гласањето по општини и излезноста на гласачите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top