| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ реагира: Во ВМРО-ДПМНЕ се нервозни

СДСМ смета дека во ВМРО-ДПМНЕ денеска биле нервозни. Тие реагираа на пресот на ВМРО-ДПМНЕ. Рекацијата ви ја пренесуваме во целост:

Во врвот на ВМРО-ДПМНЕ се нервозни бидејќи се повеќе нивни членови излегуваат и гласаат, референдумот е демократски

Во врвот на ВМРО-ДПМНЕ се нервозни, бидејќи и покрај бојкотот што го заговараше раководството на партијата, пратеници и членови на ВМРО ДПМНЕ излегуваат на референдум и гласаат.

Лажните вести пласирани од опозициската партија не се ништо друго освен панична реакција на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што и покрај бојкотот што го диригира Христијан Мицкоски и дел од негови приврзаници, се повеќе претставници и членови на партијата го игнорираат, излегуваат и го корситат своето демократско право да одлучуваат за иднината.

Лжните тврдења на ВМРО-ДПМНЕ се официјално демантирани и од Државната изборна комисија, којашто потврди дека референдумот се спроведува слободно и демократски.

По деценија злоупотреби на институциите, по деценија притисоци, уцени и закани врз граѓаните и погазување на нивните права, ВМРО-ДПМНЕ, не знае што е фер, демократско и слободно изјасување во фер и демократски услови.

Граѓаните на денешниот референдум гласаат слободно, без притисоци и без закани, во слободна и демократска атмосфера.

 

Изборен криминал на СДСМ: Се крши молкот и се насочуваат гласачите како да гласаат (видео)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top