| четврток, 6 декември 2018 |

Неа демократија стравува за исходот на референдумот

– Да се надеваме дека, без оглед на исходот, нема да има нестабилност во соседната земја по референдумот и нема да се претвори во нестабилност на Балканот, изјави денеска портпаролот на главната опозициска партија во Грција, Неа демократија (НД) Никос Дендиас, за АНА-МПА.

Покрај исходот, тој смета дека бројот на излезените на референдумот на луѓето исто така ќе игра важна улога.

– Во секој случај, мораме да бидеме во алармантна состојба околу политичките случувања во соседната земја во врска со референдумот и да не брзаме да ги отфрлиме, рече тој и додаде дека премиерот Алексис Ципрас ќе го донесе договорот во парламентот кога ќе биде подготвен за избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top