| четврток, 6 декември 2018 |

Студентите од утре аплицираат за 6.369 студентски легла

pozar-vo-studentski-dom-gc-1Студентите од утре ќе можат да аплицираат за место во државните студентски домови. Ќе конкурираат за 6.369 слободни места, а распределбата ќе се врши согласно новините од неодамна изгласаниот Закон за студентски стандард.

Според ресорниот министер Спиро Ристовски, законот содржи поволности и бенефеции за студентите при сместување и стипендирање, особено за тие од ранливите категории. Државата во целост ги надоместува трошоците за сместување и исхрана на студентите, чии родители  имаат приход  под минималната плата, односно до  8000 денари. Опфатеноста на оваа категорија  студенти е 40% од вкупниот број на легла во домовите.

 


 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top